ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА НА ПОЛЕТO НА ПАТЕНТИТЕ

( ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА )

Објавен во “Службен весник на РМ.” бр. 49/97) од 30 септември 1997 година

ВЛАДАТА на Страната договорничка (“Земјата”), преставувана од Абдименаф Незири, Министер за развој

ЕВРОПСКАТА ПАТЕНТНА ОРГАНИЗАЦИЈА (“Организацијата”), претставувана од Инго Кобер, Претседател на Европскиот патентен завод (ЕПО)

ПОВИКУВАЈЌИ СЕ  на Конвенцијата за доделување на европски патенти од 5 октомври 1973 година (Европска патентна конвенција), и особено, на членот 33(4) од истата, на Законот за индустриска сопственост на Земјата, од 15 јули 1993 год, “Службен весник на РМ” бр.42/93 (3акон за индустриската сопственост”), особено на членот 8 став 3

ЗЕМЈАЌИ ГО ПРЕДВИД тоа дека Законот за индустриска сопственост на Земјата обезбедува степен на заштита сличен на оној кој постои во државите членки на Европската патентна организација, тоа дека Земјата ќе обезбеди систем со кој ќе се овозможи ефектите на европските патенти да бидат проширени на нејзината територија во склад со одредбите приложени кон овој договор (“Систем на проширување”),

РАЗГЛЕДУВАЈЌИ ГО барањето на Земјата за административна поддршка од страна на ЕПО при применувањето на ваквиот систем

УБЕДЕНИ дека соработката помеѓу Организацијата и Земјата е од взаемен интерес и ќе ја зајакне заштитата на индустриската сопственост во Европа,

СЕ СОГЛАСИЈА ЗА СЛЕДНОТО

Член 1

Предмет на договорот

Страните договорнички ќе соработуваат во рамките на овој договор за понатаму да ја развијат инфраструктурата на ефикасен патентен систем во Земјата.

Член 2

Техничка соработка

Во делокругот на  своите можности Организацијата ЕПО ќе и помага на Земјата особено при:

а) обезбедувањето на основна обука и специјализација за вработените во нејзиниот  Завод за заштита на индустриска сопственост (“Заводот”) и за специјалисти од други владини тела чија работа вклучува патентни предмети;

(б) организирањето и развојот на нејзиниот систем на патентни застапници;

(в) развојот на соодветна документација за патентни информативни услуги;

(г) издавањето официјални публикации на Заводот;

(д) модернизирањето на патентниот информативен систем;

(ѓ) воспоставувањето процесни системи на ажурирање на постапката за признавање и за администрирање на патентите.

Член З

Правна и административна соработка

(1) Страните договорнички редовно ќе разменуваат информации за правниот развиток кој се однесува на соодветниот патентен систем.

(2) Доколку Земјата тоа го побара Организацијата и дава совети за предлозите за донесување закон, измени и дополнувања на законските одредби кои се однесуваат на нејзиниот патентен систем.

(3) ЕПО и Заводот ќе соработуваат при подготовката за воспоставување на системот на проширување.

Член 4

Обработка на барањата за проширување

(1) ЕПО ќе го прифати, обработи и објави секое барање за проширување на европските патенти во Земјата и на нејзиниот Заводот ќе му ги достави сите потребни информации поврзани со постапките кои се однесуваат на пријавите за Европски патент и соодветните патенти.

(2) Во рамките на своите можности, на барање на Заводот, ЕПО ќе му излезе во пресрет со доставување на секоја друга полезна информација.

Член 5

Информација која се однесува на проширени европски патенти

Заводот ќе го информира ЕПО за правниот статус на секој проширен европски патент, а особено ако тој бил поништен, со изминат рок, откажан или ако престанал да важи.

Член 6

Финансии

 (1) Таксата за проширување ќе изнесува 200 ДЕМ за секое барање за проширување, а уплатите ќе се вршат на сметката на ЕПО. 150 ДЕМ од таксата за проширување ќе му припаднат на Заводот и ќе се префрлат на негова сметка, за да се употреби за промовирање на индустриската сопственост во Земјата, вклучувајќи ја и поддршката при патентирањето на нејзините пронајдоци во странство. ЕПО ќе задржи 50 ДЕМ од таксата за проширување заради покривање на трошоците до кои доаѓа при спроведувањето на задачите од системот на проширување.

(2) Износот од таксата за проширување како и делот кој што би го задржал ЕПО можат да бидат и изменети со договор помеѓу Претседателот на ЕПО и Директорот на Заводот.

Член 7

Заеднички комитет

(1) Ке биде формиран заеднички комитет за да расправа околу сите работи кои ќе произлезат од овој договор и неговата примена. Комитетот ќе биде составен од претставници на ЕПО и на Заводот. Може да бидат консултирани претставници од други владини тела кои се вклучени или директно засегнати од примената на Договорот.

(2) Комитетот ќе се состанува на иницијатива на Директорот на Заводот или на Претседателот на ЕПО. Дневниот ред за секој состанок како и местото и датата на одржувањето на истиот ќе бидат определени во согласност меѓу двете страни.

Член 8

Примена на Договорот

(1) Задачите кои ќе произлезат за страните договорнички како резултат на овој договор ќе бидат спроведени од страна на ЕПО и Заводот. ЕПО може да им довери определени задачи согласно членот 2 од овој договор на патентните заводи на државите договорнички на Европска патентна конвенција, на нивна согласност.

(2) Поединостите за применувањето на овој договор ќе бидат определени со согласување помеѓу Директорот на Заводот и Претседателот на ЕПО.

Член 9

Измена на Договорот

На барање на Организацијата или на Земјата, страните договорнички ќе пристапат кон преговори околу измена на Договорот.

Член 10

Времетраење на Договорот

(1) Овој договор се склучува за период од пет години и може да биде продолжуван со согласување помеѓу страните договорнички за понатамошни периоди за обновување на Договорот од две години. Ваквата согласност треба да биде постигната најдоцна шест месеци пред истекот на периодот на важење на Договорот.

(2)  Доколку овој  договор  се раскине, членовите од 4 до 6 ќе продолжат да се применуваат на секоја пријава за европски патент за кој пред да биде раскинат овој договор било поднесено барање за проширување, како и на секој европски патент добиен врз основа на истиот.

Член 11

Влегување во сила

Датата на која овој договор ќе влезе во сила ќе биде одредена со взаемна размена на ноти помеѓу двете страни, следејќи ги законските одредби на Земјата кои се во склад со оние во прилог на овој договор.

Составено во Минхен на———- 1997 во два оригинала на македонски,

германски, англиски и француски јазик при што секој текст е еднакво автентичен.

Одредби кои важат при проширувањето на европските патенти во Страната договорничка (“Земјата”)

Член 1

Проширување на ефектите на европските патент

(1) Пријавата на европски патент како и на проширен европски патент на Земјата која е предмет на одредбите содржани овдека, ќе произведува последици и ќе биде третирана под исти услови  како и национална патентна пријава и национален патент според Законот за индустриската сопственост на Земјата;

(2) За потребите на овие одредби:

(а) “Пријава на европски патент” значи пријава на европски патент поднесена   според   Европската   патентна   конвенција   (ЕПК),   како   и меѓународна пријава поднесена според Договорот за соработка во областа на патентите (РСТ) за кој Европскиот патентен завод (ЕПО) дејствува како назначен или избран Завод и во кој Земјата е назначена;

(б) “Проширен европски патент” значи европски патент доделен од страна на ЕПО врз основа на пријавата за европски патент за кој било побарано проширување за Земјата;

(в) “Пријава  за  национален  патент”  значи  пријава  за   патент поднесена според Законот за индустриската сопственост во Заводот за заштита на индустриска сопственост на Земјата.

(г) “Национален патент” значи патент  доделен  на  пријава  за национален патент.

Член 2

Барање за проширување

(1) Ефектите од пријавата за европски патент и доделениот европски патент на ваквата пријава ќе бидат проширени на Земјата по барање  на подносителот.   Барањето  за проширување  ќе  се  смета  за поднесено со било која пријава за Европски патент поднесена на или по датата на која Договорот за соработка меѓу Владата на Земјата и Европската патентна организација ќе влезе во сила.

(2) Секое барање за проширување ќе биде публикувано од страна на Заводот во најкус можен рок по известувањето од страна на ЕПО дека е платена пропишаната такса за проширување, но не порано од истекот на 18 месеци од датата на пријавување или, доколку е побарано првенство, најраната дата на првенство.

(З) Барањето за проширување може да биде повлечено во секое време. Ќе се смета за повлечено онаму каде што пропишаната такса за проширување според членот 6 од Договорот за соработка не е платена на време или пак онаму каде што пријавата за европски патентдефинитивно е одбиена, повлечена или пак се смета за повлечена. Заводот ќе го објави ова во најкус можен рок доколку барањето за проширување веќе било објавено.

Член З

   Такса за проширување

(1) Таксата за проширување според членот 2(2) ќе му биде платена на ЕПО во определените рокови дадени според (ЕПК) за плаќање на таксата за назначување.

(2) Таксата за проширување може да биде платена и по истекот на рокот ако се плати во грејс-периодот, согласно правилото 85-а(2) на (ЕПК) зголемена за 50%.

(3)  За плаќањето на таксата за проширување, Правилата на ЕПО кои се однесуваат на таксите, ќе се применуваат mutatis mutandis. Таксата за проширување која е основано платена, нема да биде рефундирана.

Член 4

Ефекти од пријавите на европски патент

(1) Пријавата на европски патент која е усогласена со датата на пријавување, треба да биде еднаква со националната пријава, без оглед на тоа каков ќе биде исходот.

(2) Публикувана пријава на европски патент привремено ќе ја пренесе заштитата дадена во членот 40 на Законот на индустриската сопственост на Земјата, започнувајки од датата на која од страна на подносителот е доставен превод на патентните барања од објавената пријава на европски патент на македонски до лицето  кое го употребува пронајдокот во Земјата.

(3) Пријавата на Европски патент ќе се смета дека немала ab initio ефекти на кои се повикува ставот (2) онаму каде што барањето за проширување било повлечено или се сметало за повлечено.

Член 5

Ефекти од европските патенти

(1) Проширен европски патент, како предмет на ставовите од (2) до (6), ќе ги носи истите права како и еден национален патент според членовите 35 и 36 на Законот за индустриската сопственост на Земјата од датата на објавувањето на признат патент од страна на ЕПО.

(2) Во рок од три месеци од датата на објавувањето на доделувањето на Европскиот патент, сопственикот на патентот ќе му достави на Заводот превод на патентните барања за Европски патент на јазикот на Земјата и ќе ја плати пропишаната такса за објавување.

(3) Доколку, како резултат на приговор поднесено до ЕПО, европскиот патент се одржува со изменети барања, сопственикот на патентот ќе треба во рок од три месеци од датата на секоја публикувана одлука за одржување на европскиот патент онака како што е изменет, да достави до Заводот превод на изменетите барања на јазикот на Земјата и да ја плати пропишаната такса за публикување.

(4) Заводот ќе го објави секој превод кој што е прописно поднесен според ставовите (2) или (3).

(5)  Доколку преводот специфициран во ставовите (2) или (3) не е поднесен во определениот рок, или пак пропишаната такса не е платена во определениот рок, проширениот европски патент ќе се смета како да не е поднесен ab initio.

(6) Проширениот европски патент, како и пријавата на европски патент на која тој се засновува, ќе се смета дека не произвеле ab initio ефекти определени во ставот (1) и членот 4(2) до оној степен до кој патентот бил отповикан во постапките на спротивставување пред ЕПО.

Член 6

Автентичен текст за пријавите на европски патент

или на европски патенти

(1) Текстот на пријавата на европски патент или пак текстот на европскиот патент на јазикот на кој се води постапката пред ЕПО ќе биде автентичен текст и при секоја постапка во државата договорничка.

(2) Како и да е, преводот, онака како штој е дадено во членовите 4 и 5, ќе се смета за автентичен, со исклучок на постапките за отповикување, каде што преведената пријава или патент дава заштита која е потесна од онаа што е на јазикот на постапките.

(3)  Подносителот или сопственикот на патентот може да поднесе корегиран превод на патентните барања од пријавата на европски патент или од европскиот патент. Корегираниот превод нема да има никакви правни ефекти се додека не биде објавен од страна на Заводот. Сите кои со добра намера го употребуваат или преземаат сериозни подготовки за употреба на пронајдокот, а чија употреба нема- да претставува прекршок во поглед на пријавата или патентот во оригиналниот превод, може, откако  корегираниот превод  ќе стане  полноважен,  да  продолжи  со ваквата употреба во рамките на своето дејствување или за потребите кои произлегуваат од истото, без надокнада.

Член 7

Права од претходната дата

(1) Пријавата  за европски патент  за  која  е  платена  такса  за проширување, како и проширениот европски патент ќе го имаат истиот ефект   на   претходната   состојба   на   техниката   како   и   пријавата   за национален патент според членот 47 и 70 на Законот за индустриска сопственост на Земјата.

(2) Пријавата за национален патент и национален патент во поглед на проширениот европски патент ќе го имаат истиот ефект на претходната состојба на техниката како што имаат во поглед на национален патент според членовите 47 и 70 на Законот за индустриска сопственост на Земјата.

Член 8

Напоредна заштита

Онаму каде што на проширениот европски патент и на националниот патент, со иста дата на пријавување или пак со барање за првенство, истата дата на првенство му е доделена на исто лице или на неговиот правен наследник, националниот патент нема да има ефект до оној степен до кој тој го опфаќа истиот пронајдок како и проширениот европски патент, почнувајќи на онаа дата на која временското ограничување за поднесување приговор на европскиот патент истекло без да биде поднесен приговор или пак од датата на која постапката за приговорот резултирала во крајна одлука за одржување на европскиот патент.

Член 9

Такси за обновување на проширен европски патент

Таксите за обновување на проширен европски патент треба да му бидат платени на Заводот за годините кои ја следат годината во која било објавено доделувањето на европскиот патент.

Член 10

Применливост на БПК

Прописите од ЕПК и нејзините извршни одредби нема да се применуваат доколку во овие одредби не биде поинаку определено.

    • January 2018
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Nov    
      1234567
      891011121314
      15161718192021
      22232425262728
      293031  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • Recommended videoView all | 

    All inventors, wherever in the world they are, deserve to obtain adequate protection of their inventions through legislation in the field of intellectual property. During to a visit to Geneva for the WIPO 2014 Assemblies, Michelle K. Lee, Deputy Under Secretary of Commerce for Intellectual Property and Deputy Director of the USPTO, talks about intellectual property in international aspect, with the aim to create convenient environment for international trade, but namely building a better international patent system.

    It is worth noting the good example she gives with American practice – USPTO invites patent practitioners to train its experts and thus to increase the quality of its services.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • IP Basis®

  • IP Guide®

  • Become our partners