Создавање на меѓународно законодавство за интелектуална сопственост : Едно интервју со Френсис Гари

2014_05_art_1_1Како глобален форум за интелектуалната сопственост (ИС) политика, СОИС игра клучна улога во градењето на закони за интелектуална сопственост, чиј ефекти се користат од иновациите и креативноста. Но постигнувањето на консензус меѓу 187 земји е повеќе од предизвик. По започнувањето на вториот мандат на чело на организацијата, генералниот директор на СОИС, Френсис Гари опишува како ИС е станала “клучно  геополитичко прашање на 21 век”, како и последиците кои тој гледа во меѓународните  закони за ИС.

Како гледате на развојот на Интелектуалната сопственост? 

ИС е била на патување од периферијата кон центарот на економскиот систем. Многу земји, вклучувајќи најголемите економии  во светот- САД, Кина, Јапонија и Германија- експлицитно ја признаваат централната улога на ИС во нивната економска иднина. Ова значи дека конкуренцијата се повеќе се фокусира на иновации и ИС, се зголемуваат влоговите во областа на ИС.

Во овој контекст, тековната  апсолутна  неутралност од страна на Секретаријатот на СОИС е од витално значење за нашата работа, која ветува се попрезивикувачки преговори.

Зошто мислите дека ќе биде потешко остварувањето на меѓународните договори по многу прашања? 

Ова, според мене произлегува од длабоки промени кои произлегуваат од геополитичката промена во светскиот економски центар во последните 20 години. Тоа е промената на интересите и позициите на учесниците во меѓународните преговори, што прави потешко земјите-членки да се договорат за предложените законски мерки.

Ние мораме да го прифатиме  тој факт и да се обидеме да најдеме можности каде интересите се доволно израмнети да дозволат договор- како земјите членки успеаја да направат во рамките на преговорите за склучување на договорите од Пекинг и Маракеш. Се надевам дека ќе е можно да се стигне до такви позитивните резултати и за други позиции од нашата агенда.

Кои се Вашите тековни приоритети за Законот за авторски права? 

Прво промовирање на брза ратификација од страна на земјите-членки на Договорот од Пекинг за аудиовизуелни настапи и на Договорот од Маракеш  кон олеснување на пристапот до објавени дела на слепи лица кои се склучени во 2012 година, и 2013 година, соодветно.

Договорите кои се администрирани од СОИС спаѓаат во различни категории. Некои ставаат стандарди за националните закони, како што се Договорот од Пекинг, кој го става минимални стандарди за заштита на изведувачите. Други се обидуваат да ја олеснат дејноста. Договорот од Маракеш ќе ја направи полесена размената на пристапни дела преку границите, што помага да се осигури дека луѓето со оштетување можат да добијат книги од кои имаатпотреба. Конзорциумот за достапни книги, кој беше лансиран во јуни 2014 година, ќе помогне да се даде практични ефекти од овој договор.

Вториот приоритет е постигнување напредок во преговорите за правата на емитување. СОИС треба да докаже дека може да се справи со ИС последиците од сите нивоа на технологии, вклучувајќи и највисоко развиените. Последните дискусии во Постојаниот комитет на СОИС за авторски права и сродни права ни дадоа подобро техничко разбирање на современото емитување и потребата од реформи. Но тоа се уште не е преведено во консензус за кога да се оди напред со предлози нов договор.

Најважно е дека земјите-членки постигнат консензус по ова прашање, не на последно место, затоа што емитувачките  организации генерират огромна економска добивка. Неодамна, Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека се согласил да ги продаде правата за емитување на Олимписките игри меѓу 2021 и 2023 на NBC Universal САД за 7.75 мил. долари. Тоа е само од продажбата на правата во една земја, и за еден  голем настан. Замислете сумите за дистрибуција во сите земји на сите настани!

Кои ќе бидат следните прашања за авторски права разгледани од СОИС? 

Сè уште нема консензус меѓу земјите-членки на оваа тема. Некои сметаат дека активностите на СОИС во оваа област треба да бидат одложени додека новите договори добијат меѓународно признание. Други сметаат дека има специфични прашања кои би можеле да бидат надминати.

На највисоко ниво, јас верувам дека најважното прашање е потребата да се коригираат територијалните правни системи за интелектуална сопственост, за да може да служи на реалноста – дигиталниот пазар. Ова не е законска или нормативна материја. Ова е комплексно прашање, кое има потреба од светски дијалог меѓу владите и сите различни учесници во дигиталниот пазар.

Можете ли да ни кажете повеќе за вашиот повик за меѓународен дијалог по прашањата за авторските права во “глобално дигитални содржини на пазарот”?

Глобалниот дигитален пазар веќе постои за нелегални услуги. Нашиот предизвик е да направиме содржината лесна за добивање легално. Тоа е многу тешко, бидејќи никој учесник или учесници, без разлика дали се јавни или приватни, не може да га преземе  оваа задача. Тоа е една огромна индустрија, опфаќајќи ги  сите форми на културно изразување и забава во светот.

Ние можеме само до крај да ги бркаме целите за создавање на легален пазар на дигитални содржини преку идентификување на специфичните проблеми кои можат да бидат решени по патот.

Исклучително важно е да создадеме дијалог за овие прашања, за да се гарантира  дека авторското право може да продолжи да ја исполнува основната  функција за финансирање на културната продукција и во дигиталната ера. СОИС е подготвена да го олесни глобалниот дијалог за овие прашања.

Каква е состојбата на други тековни ИС преговори, како на пример проектот за договор на Законот за Дизајн? 

Истражувањата извршени од Постојаниот комитет на СОИС за трговските марки, дизајн и географски ознаки укажуваат огромна разновидност во правилникот за поднесување на барање за заштита на индустрискиот дизајн во различни земји. За да биде заштитата на дизајнот ефикасна, таа мора да е достапна, и процедурите да бидат едноставни и релативно изедначени.

Проектот за Договор за закон за дизајн треба да ни помогне да се постигне оваа цел. Таа, исто така има за цел да воведе грејс период на меѓународно ниво за новост (под одредени околности) за откривање на дизајнот. Ова ќе биде од особена корист за малите, независни дизајнери, од кои многумина не се свесни дека откривањето на дизајн може да доведе до неможност за заштита последователно со помош на регистрацијата.

Дизајнот станува важен дел од иновациите, како средство за диференцијација на производите и конкурентноста. Земете пример споровите на Apple и Samsung во кои улогата на дизајнот е исто толку важно како патентите.

2014_05_art_1_4

WIPO is working directly with indigenous communities to ensure they have the practical tools and expertise they need to use IP to their advantage. (Photo: iStockphoto © Britta Kasholm-Tengve)

Што може да ни кажете за преговорите во врска со генетските ресурси, традиционалните знаења и фолклорот? 

Преговорите, кои се одржуваат во рамките на Меѓу-владиниот комитет за интелектуална сопственост и Генетски ресурси, традиционални знаења и фолклор се од особено значење за СОИС. Тие изразуваат аспирациите на земјите во развој, особено да се осигура дека IP системот ги признава сите форми на знаење и признава придонесот, кој е направен и продолжува да се прави-​​за човештвото од системот за традиционалните знаења. Всушност сите земји имаат интерес од приопштувањето што е можно пошироко прифаќање на меѓународен систем за интелектуална сопственост.

Предизвикот е да се идентификуваат конкретните области во кои ИС може да се заштити – на јасен и дефиниран начин- специфична вредност која овие традиционални знаења додаваат . Бидејќи системите за ТЗ (Традиционален знаење) се исклучително разновидни опфаќаат како усни така и писмени традиции, оваа задача е исклучително сложена.

Зошто реформата на Лисабонскиот  систем за заштита на називите за потекло се искачи во меѓународниот дневен ред? 

Глобализацијата ги отвори пазарите и создаде можности за комерцијализација на земјоделското производство. Географските ознаки и ознаки за потекло овозможуваат на производителите да прават разлика на квалитетот на своите производи во зависност од географскиот потекло. Во еден свет карактеризиран со зголемено ниво на стандардизација, отличителността има стекнато важна вредност, бидејќи потрошувачите се повеќе бараат висок квалитет, автентични производи.

Иако, Лисабонскиот  систем постои повеќе од 50 години, досега привлече членството на само 28 земји. Сегашните преговори имаат за цел да го направат системот пофлексибилен и подобро ориентиран кон различните национални и регионални системи за заштита на географските ознаки. Најголемиот предизвик е да се најде соодветен баланс помеѓу длабочината на заштита од една страна, и широчината на учество, од друга страна.

Како гледате на еволуцијата на други ИС системи администрирани од СОИС / 

Договорот за соработка (PCT), Мадридскиот систем и Хашката спогодба, сите тие продолжуваат да доживуваат силен раст. Овие системи обезбедуваат ефективни опции за обезбедување на меѓународна заштита на интелектуална сопственост и се незаменлив дел од глобалниот  иновативен  екосистем. Растот им во 2013 година, престигна национални и светски темпови на економски раст.

Во 2014 година, PCT e зголемен за 5,1%, а за прв пат во историјата бројот на меѓународните барања за патент надмина 200 000. На ист начин, рекорден број меѓународните пријави се поднесени согласно Мадридскиот систем. Верувам дека обемот на барања поднесени преку Мадридскиот систем ќе се удвои во текот на следните пет до десет години, бидејќи глобализацијата на пазарите ја зајакнува важноста на брендирање.

И покрај растот од 15% во 2013 година, Хашкиот систем останува многу помал, но има огромен потенцијал за раст. Кина, Јапонија и САД се очекува сите тие да се приклучат во наредните месеци, што значи дека опсегот на Хашката систем ќе зазема 95% од регистрацијата на дизајн на светско ниво. Ова ќе доведе до значителни промени на системот.

Кои други предизвици и можности гледате за СОИС, во наредните години? 

Без да ја омаловажавам важноста на договорите, има богати можности за меѓународна соработка, кои не вклучуваат закони. Ние можеме да постигнеме многу преку практични проекти.

Јавно-приватни партнерства како СОИС: Конзорциум за пребарување на достапни книги, исто така, можат да  обезбедат  можности за практична и плодна меѓународна соработка.

Трендот во последните 2 децении е кон поголемо учество на претпријатијата во јавниот сектор.

На апстрактно ниво, нашиот предизвик е да се осигура дека СОИС останува релевнтен и сигурен форум за ИС.

    • April 2024
      Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
      « Jan    
      1234567
      891011121314
      15161718192021
      22232425262728
      2930  
  • IP4all Weekly Bulletin

    You can subscribe to the weekly IP4ALL Bulletin.

  • IP Consulting Ltd. - Intellectual Property Consulting Agency
  • Landmark-TP
  • Ivan Georgiev - Rembrand
  • Global IP Attorneys - The world's leading address guide for patent,  trademark, copyright, intellectual property and IP attorneys. In just a few steps you can find your agency for registration and protection of your intellectual property, patent, design, copyright or trademark.
  • The Professional Sector Network is a referral and networking group that caters exclusively to leading firms with a history of excellence in the business, advisory and investment sectors.
  • Online source of information for the events and developments in the field of intellectual property worldwide
  • Jobs in USA
  • Become our partners
  • IP Basis®

  • IP Guide®