Меѓународен ден на анимацијата- 28 Октомври

animation-240x8328 Октомври е прогласен за светски ден на Анимацијата во чест на првата театрална изведба на Емил Рено во OPTIQE во музејот Греван во Париз-1892 година.

Меѓународниот ден на анимацијата е создаден од ASIFA (Меѓународна асоцијација за анимациски филмови). Денот започна да се празнува во 2002 година, и во последните неколку години се прошири во над 40 земји во сите континенти. Оваа година за прв пат се одбележува во некои нови земји кои се приклучија како на пример Камерун, Полска и др.

Со почеток во 2005 г., е создаден систем за размена на програми со цел да помогне на учесниците да ги постават заедно своите анимации од цел свет. За една година беа предложени програми Бразил, Кина, Франција, Унгарија, САД И Гана. Размената е неверојатна можност да се откријат филмови од целиот свет за време на оваа голема меѓународна прослава на анимацијата.